ДОБРО Е БРОЈКАТА НА НОВО ЗАРАЗЕНИ ПАК СЕ НАМАЛУВА: Денеска се оздравени 16 пациенти, потврдени 17 нови случаи на ковид 19 – починати се 2 лица, вкупната бројка на дијагностицирани 1740

0
636
Почитувани,
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392. Последната дистрибуција по градови е:
•    Скопје – 592, активни 134
•    Куманово – 413, активни 43
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-35, активни 1
•    Прилеп –193, активни 63
•    Тетово – 131, активни 68
•    Струга – 69, активни 6
•    Велес – 113, активни 49
•    Битола –26, активни 7
•    Охрид –17, активни 2
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –19, активни 3
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 2, активни 0
•    Крива Паланка- 6, активни 2
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 4
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 1
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 1
•    Виница – 2, активни 0
•    Кратово-2, активни 2
•    Берово-1, активни 1
Направените 460 теста се преку: ИЈЗ –257, Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –8, Биотек -20, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода  -19 и МАНУ -109.  Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk