ТРИЧКО : ОРЦЕ, НЕ СЕ СЕКИРАЈ, КИКИФРИКИ И КАЛАЈЏИЕВ ЌЕ ТЕ СПАСАТ!

0
1670
Орце, не се секирај, Кикифрики и Калајџиев ќе те спасат!

Јас колку што разбрав, денеска Американците му оставиле на Орце Камчев една канцеларија два на два, мал телевизор од 18 инча фиксиран на каналот Да Винчи, веце школка и чешма како и телефон на кој може да се јавува и да прима пораки од односно на десетина фиксни адреси.

Сите сметки во САД или на адреси под надлежнист на Оделот за контрола на странскиот имот на Министерството за финансии на САД му се блокирани, а преку санкционирање и на луѓето на кои им се забранува секаков контакт со македонскиот талент за корупција, практично му е блокиран сиот имот и човекот е ставен во некаков вид на куќен притвор.

Не само како човек кој бил главен фактор на коруптивните мрежи во Македонија, на разорувањето на институционалниот систем, на незаконско прелевање на имоти во своите џебови, на корупција на владини функционери, туку и како фактор на дестабилизацијата на Западниот Баккан со што паднал под одредбите на Извршната наредба на Бајден.

Не знам дали во кругот на неговите санкционирани пријатели е и Кикифрики. Ако е, добро е, ако не е, би требало да го стават. Тој е типот кој медиумски ги покриваше сите злодела на Камчев. Заеднички го растурија СЈО, и големи делови од правосудниот систем, заеднички ги девастираа сите процеси против Камчев и против сите коруптивни великани.

Тој би требало да биде второобвинет.

Така што по Мерко дојде на ред најголемата ајкула која стигна да изеде две третини од Македонија што е многу добра, можеби, пресудна најава.

Симптоматично е и апсењњто на луѓе од ДУИ или блиски на ДУИ. Така се ослободуваат органите на прогонот и правосудството од страавот да постаапуваат мислејки дека коалицијата во власта тоа не би го дозволила затоа што би предизвикале политичка нестабилност и неизвесност.

Во секој случај големата лавина на првдата почна да се тркала по планината и нема сомневање дека ќе потрупа многу села што беа окупирани од криминалци.

Развојот на настаните покажува дека навистина никој нема да биде поштеден.

Односно дека на ред ќе дојдат и скотовите од вмро. Јас тврдам дека илјада први луѓе на таа злосторничка инсталација да се стават затвор без судење, можностите некој невин да има меѓу мив е 0,0000001 отсто. Сите се односно би требало да бидат кривично активни.

Така што верувам дека повеќето од нив ќе побрзаат да ги подржат уставните промени. Мицко, кој во последно време ги олабавува ставовите, можеби, пред сите.

Сдсм веќе дадоа свој придонес преку пресудата за Рашковски и процесот против Муки, но ако има и други мајстори на пљачката, веднаш нека си спремат четкичка за заби, вазелин и куртони.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски.