(ВИДЕО) ФАНТАСТИЧЕН И ХРАБАР ПРИЛОГ НА НОВИНАРКАТА ОД ,,ЦИВИЛ” МОНИКА ТАЛЕСКА, ЛОБОТОМИРАНИТЕ ГРУЈОВИ МОЗОЦИ ПАРАНОИЧНИ ПОЛУДЕА СРЕДЕ ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ ОД НОВАТА ВЛАДА : „Да даде Господ да не се случи никогаш влада меѓу СДСМ и ДУИ!“

0
3848

„Треба сите Македонци да стравуваат, а јас се надевам дека сте и вие Македонка, не сте по националност?“, ни изјави граѓанка на Скопје, една од бројните учесници во анкетата што екипата на ЦИВИЛ Медиа, ја сними денеска, на плоштадот „Македонија“, барајќи одговор на прашањето:„Што очекувате од новата влада?“Screenshot_1

Граѓанка стравуваа за иднината, за опстанокот на Македонија, и смета дека сите граѓани треба да стравуваат доколку СДСМ формира влада со ДУИ. Истовремено, таа е убедена дека ДУИ не е „опасна партија“, ако владата ја формираат оваа партија и ВМРО-ДПМНЕ.
На видео-клипот е и реакцијата на граѓанката, која најпрвин беше исплашена од можноста за разнебитување на Македонија со двојазичност и кантонизација, па беше децидна дека ѝ е јасно – „кои сте и што сте вие од ЦИВИЛ“, за по дознавањето на податокот дека екипата на ЦИВИЛ Медиа, во тој момент, ја сочинуваа тројца колеги, Македонка, Ром и Албанец, да заклучи дека „треба сите да се плашиме, и за Албанците не е добро, и за Македонците не е добро… Но, најмногу за Македонците, најмногу, оти Албанците имаат една држава, друга држава, а ние имаме една и на крајот и таа ќе ја изгубиме и на крајот немаме ништо“

Извор : Цивил