Ова е најскапото животно во светот, и è во сопственост на четворица бизнисмени

0
1701
Запознајте го Хоризон, најскапиот бивол во светот, кој е процент на 8,5 милиони фунти. Се вбројува во најголемите говеда, со распон на рогови од речиси 1,5 метри, и è еден од најбараните биволи во Јужна Африка.

Хоризон е вистински рудник за злато, а баран е поради неговите беспрекорни гени и распонот на роговите. Сопствениците на “Гејм” резерватот го купиле биволот за да привлечат туристи, а Хоризон им дава можност да одгледуваат најголеми и најдобри стада.

И ловот е исплатлив бизнис во Африка, па така бизоните со најголеми рогови како тие на Хоризон ги мамат најискусните ловци за да дојдат до многу вреден трофеј.

Хоризон има и квалитетно потомство, а цената му се триплира кога женката останува бремена. Со нормална бременост цената е околу 38.000 фунти, а веќе со наредното потомство цената расте на 121.000 милиони фунти.

Овој бивол првобитно го продал Жак Малан. Моментално е во сопственост на четири бизнисмени од Јужна Африка, и престојува на имотот на еден од своите сопственици, Пиет ду То.

Со оглед на тоа дека неговата вредност е 175 милиони јужноафрикански ранди, Хоризон станал најскапиот бивол во историјата. Во текот на 2013. година, биволот Мисери бил продаден за 40 милиони ранди.

Секој од овие бизнисмени има 25 проценти сопственост на Хоризон, и може да го пари со 10 крави годишно.

“Хоризон е бивол кој има најголем распон на рогови во историјата, тој е без болести, и è најголемиот бивол во историјата. Неговите потомци ќе се продаваат на други фарми во Јужна Африка. Хоризон е сега на нашата фарма и очекува крави на друг сопственик во јули”, вели Пиет ду То.