ТРИЧКО : ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО КИКИФРИКИ ЈА ПРЕПРОЧИТУВА КНИГАТА “КОГА ЦВЕТАА ТИКВИТЕ”?! БИДЕЈЌИ ОЧЕКУВА ВО КНИГАТА ДА ОТКРИЕ КАКО И САМИОТ ДА ПРОЦВЕТА, КАКО ТИКВА!

0
850
Кога цветаа тиквите

Знаете ли зошто Кикифрики најмногу ја сака и постојано ја препрочитува книгата “Кога цветаа тиквите” на скоро починатиот Драгослав Михаиловиќ?

Јас ќе ви кажам.
Ја користи како селф хелп лутература.
Очекува дека во книгата ќе открие како и самиот да процвета.

Како тиква, нормално.

Поаѓа, мислам, од претпоставката дека сите тикви цветаат на ист или сличен начин и дека тука мора да има решение и за неговите пупки.
Не ја чита џабе.

Михаиловиќ нуди можеби не одговори но дава некои насоки. Цитатот од почетокот на ромамот е агол од кој читателот треба да ја посматра приказната на главниот јунак. Станува збор за цитат на Даниловиот ученик кој датира меѓу 12 и 14 век, а кој говори за оние кои “лишени од славата своја” “биле преведени таму кај што не сакаат со помош на некои невидливи сили”.
Хахаха!

Многу интересна врска со судбината на Кикифрики и на некои други фигури во Нордот.

Разбирањето на завршниот дел на ромамот е многу важно. Тука главниот јунак, Љуба Шампион, вели дека се надева на војна која може да му помогне да ја реши својата ситуација. Не нужно вистинска војна со оружје туку на некоја малку попаметна војна односно на можноста неговата татковина (Љубо е емигрант во Шведска) да му понуди амнестија за стореното зло односно за убиството на својот некогашен другар од белградската периферија кој во тепачката со Љубо вели дека “поминало времето кога цветаа тиквите” и така го дава насловот на романот.

Мене ми се чини дека коинциденцијата со судбината и желбите на некои македонски јунаци, вклучувајки го тука и Кикифрики и другар му од Будимпешта и други пријатели кои се пред завршување на судските процеси и затворските казни, и кои очекуваат војна која ќе ги ослободи од хипотеките на злосторничкото минато, е неверојатна.

Сите тие со надежи ја очекуваат новата сезона на тиквите.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски.