ПРИВЕДЕН ШТИПЈАНЕЦ ВО КУМАНОВО, УКРАЛ ПАРИ И ПРЕМЕТИ ОД СЕДУМ ОБЈЕКТИ, ГИ ПРИЗНАЛ ДЕЛАТА

0
420

На 13.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека на 12.03.2023 влегол во седум деловни објекти, при што одзел пари и предмети. С.М. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.