ТРЕНЧЕВСКА : СОЦИЈАЛНАТА РЕФОРМА ДАВА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ, ОБЕЗБЕДУВАМЕ СОВРЕМЕНИ И ПОКВАЛИТЕТНИ УСЛУГИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

0
546

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, Скопје и еден од малите групни домови кои се воспоставија со трансформацијата на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

Во изјава за медиумите таа потенцираше дека, грижата за сите граѓани, обезбедувањето на можности за напредок на секој поединец во општеството е приоритет, но и сериозна одговорност на секоја Влада. Како и дека нејзината успешност се огледа во испораката на видливи резултати, од кои придобивки имаат граѓаните.

Таа истакна дека во фокусот на работењето на Министерството за труд и социјална политика се ранливите категории на граѓани. И затоа изминативе години, министерството посветено работи на решавање на предизвиците со кои се соочуваат овие граѓани.