„ТРИКАФТА“ ПОЧНА ДА ПРИМА И ЏУДИСТОТ МАРИО НЕЛОСКИ

0
253

Лекот „трикафта“ почна да го прима и џудистот Марио Нелоски, кој 11 години се занимава со спорт.

– На три месеци по неговото раѓање, тој е дијагностициран со цистична фиброза. За него, најважно од сѐ е здравјето, но и да настапува на големи натпревари, за да докаже дека момче со оваа ретка болест може да го оствари својот сон и да направи успех што ќе се памети, пишува во фејсбук објавата на министерот на здравство Фатмир Меџити.

Тој го примил лекот деновиве на Клиниката за детски болести и како што се појаснува во објавата, Марио е во добра здравствена состојба.
– Пресреќен е што ја прими терапијата, а јас сум задоволен што го подобруваме животот на пациентите со цистична фиброза. Верувам дека повторно во иднина ќе настапува на натпревари во џудо и ќе го бодрам на трибините за освоени следни медали со кои сите ние ќе се гордееме, пишува министерот Меџити во објавата на Фејсбук