СЕ ОГЛАСИ ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО : ЌЕ ГО ФАТИМЕ БЕКИМ МЕМЕТИ, НЕ ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА

0
2346

Филмското бегство на затвореникот Беким Мемети од затворот Идризово доведе до суспензија на 4 полицајци, меѓу кои и командирот на затворот Срѓан Димитријевски и директорот на Управата за извршување санкции Маријан Спасовски.

Сепак, министерот за правда Никола Тупанчевски предупреди дека отпуштањата нема да завршат тука, туку на оваа листа може да се најде и директорот на затворот Идрозово. Шпенд Таири во изјава за Алсат вели дека не очекува да добие отказ, додека се надева дека бегалецот ќе биде фатен што поскоро.

„Ја уверуваме јавноста дека ќе се расветлат сите околности за бегството на затвореникот и по констатирање на евентуална одговорност на службите под директна надлежност на Затворот Идризова ќе бидат преземени соодветни мерки. Надлежните институции постапуваат брзо и се надеваме дека бегалецот нема да успее во својата цел – да избегне издржување затворска казна. Што се однесува до изјавата на министерот Тупанчевски, јас лично не се гледам себеси вклучен во неговата изјава“, изјави Шпенд Таири, директор на затворот Идризова.

Извори на Алсат велат дека партнерот на владината коалиција, поточно Алтернатива, не се согласува да се разреши директорот на затворот Идризово, кој доаѓа од редовите на оваа партија

Додека трае истрагата, а осомничените остануваат во притвор, вчера Владата на Северна Македонија го именуваше новиот директор на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ. Беким Мемети, кој во моментов се бара со меѓународна потерница, побегна од затворот Идризово пред една недела. Тој издржувал казна за убиство и трговија со дрога. Тој беше во затвор од декември 2020 година.