ЕВН и донираше возило на општина Берово

0
743

Општина Берово доби возило за унапредување на сервисот на уличното осветлување во градот. Возилото како што информираа од Општината е донација од ЕВН Македонија АД, а истото ќе биде наменето за вршење сервис на евентуалните дефекти на електричната мрежа.
-Општествено одговорната компанија ЕВН Македонија АД, донираше возило за унапредување на сервисот на улично осветлување во општина Берово. Донацијата која што има за цел остварување, промоција и поддршка на дејности од јавен интерес од локалната самоуправа, е потврдена со одлука на Советот на Општина Берово и потпишување на договор од страна на градоначалникот. Со оваа возило, значително ќе се подобри сервисот на улично осветлување во Берово, при што техничките служби ќе станат поефикасни и благовремено ќе се врши сервис на сите евентуално настанати дефекти, истакнаа од Општината.

Тие додадоа дека ова не е првпат ЕВН да се покаже како општествено одоворна компанија и да ги помага локалните и централните власти.

-Истата е голем поддржувач и помагач и во борбата со КОВИД-19, а со оваа донација покажа дека интерес на компанијата е да помогне и во останатите сегменти од општественото живеење, додадоа надлежните.