ТРЕНЧЕВСКА : НАША ЦЕЛ Е СИТЕ ЛИЦА ВО ТРАНЗИТ ДА ИМААТ ПОБЕЗБЕДНА И ПОСИГУРНА СРЕДИНА

0
151

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше дел од координативниот состанок за работата на привремениот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Состанокот беше во организација на дополнителниот заменик министер во министерството за внатрешни работи, Митко Бојмацлиев

Министерството за труд и социјална политика, работејќи во партнерство со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија, одигра клучна улога во управување на тековното работење на кампот. Нивниот фокус на обезбедување заштита на  ранливите категории на лица, особено на децата без придружба, ја нагласува нашата посветеност да ги заштитиме оние на кои сме им најпотребни“ рече Тренчевска.

Таа ја изрази свесноста на институциите за траумите и ризиците на кои се изложени мигрантите и ја искажа фокусираноста на вработените да им помогнат на мигрантите да ги надминат траумите и да се охрабрат за продолжување на патот до следната дестинација.

Во изминатата 2023 година, „Винојуг“ прифати 586 придружувани деца/странци кои патуваат со своите родители/старатели и 164 деца/странци без придружба. Ова вклучува 161 машки и 3 женски, од кои сите добија старателство. Во првите два месеци од 2024 година, може со гордост да кажеме дека продолжуваме со нашите напори, олеснувајќи го транзитот на 18 машки и 5 женски деца придружувани деца/странци, но и на 11 деца/странци без придружба, односно на 10 машки и 1 женско дете“ изјави Тренчевска.

Таа истакна дека институциите кои работат во рамките на ПТЦ „Винојуг“ постојано се придржуваат до Стандардните опреративни процедури и внатрешните инструкции воспоставени во 2015 и 2016 година. Тренчевска посочи дека во процедура се и планови за усвојување на нови нови „Стандардни оперативни процедури“.

За Владата, превенцијата и заштитата од трговија со луѓе се најважни приоритети. Нашата посветеност на рано откривање на потенцијална трговија со луѓе, особено на деца, е основата за нашите навремени интервенции насочени кон спречување на експлоатацијата и обезбедување суштинска поддршка. Оперативниот тим формиран во согласност со меѓународните препораки, кој ги вклучува обвинителството, Министерството за внатрешни работи и здружението на граѓани, е пример за нашиот холистички пристап кон официјалната идентификација на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе“ изјави Тренчевска.

На крај таа ја искажа посветеноста за обезбедување на побезбедна и посигурна средина за сите лица во транзит.