КОВАЧЕВСКИ : СДСМ ГИ ИСПОЛНУВА ВЕТУВАЊАТА, РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ, 1.100 ЕВРА ПРОСЕЧНА И 600 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА

0
47

СДСМ покажа дека ги исполнува ветувањата и ќе продолжи да ги исполнува, бидејќи тие ветувања се врз основа на опсежни анализи, порача, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју за Фронтлајн.

Ковачевски посочи дека со правилните политики на Владата предводена од СДСМ, платите се зголемија за 50% во споредба во 2016 година, а во време на најголема економска и енергетска криза никој не беше оставен сам.

„Јас знам дека не е лесно и ја знам дека не е доволно и затоа велам дека во новата програма ќе продолжиме и со зголемувањето на пензиите и на платите. Затоа ветуваме до 2028 година 1.100 евра просечна плата и 600 евра минимална плата. Не е тоа таксативно само напишано, тоа е врз основа на анализи. Со влезот во ЕУ, просечната плата ќе достигне 1.300 евра, а минималната 800 евра“, рече Ковачевски.

Во интервјуто Ковачевски потенцираше дека разликата меѓу мерките на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ е видлива.

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни 4 минимални плати за покривање една потрошувачка кошничка, денес во услови на економска криза, денес во услови на економска криза, во услови на инфлација која успеавме да ја скротиме од 20% на 3%, потребно е една просечна и една минимална плата за покривање на потрошувачката кошничка“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.