Катица Јанева ги достави плановите, чека пари и избор на тимот

0
1616

katica

Катица Јанева ги достави сите документи до Советот на јавни обвинители, Владата и Собранието кои се потребни за да и се обезбеди Буџет и да и биде избран предлог тимот. Во соопштение до јавноста, специјалната обвинителка појаснува дека општиот работен, персонален и финансов план се направени врз основа на анализа на податоците за предметите, очекувањата за нови предмети но и реалните потреби за обезбедување независнот.

Во соопштението Јанева уште еднаш повтори дека очекува да и биде избран предложениот тим од 14 помошници.

-„ Плановите до Собранието се доставени на известување, додека до Владата и до Советот на јавните обвинители се доставени на имплементација. Како што веќе беше споменато, изразувам очекување Советот за јавни обвинители да ги имплементира плановите и да ги избере јавните обвинители предложени од моја страна.“- се вели во соопштението до јавноста на јавната обвинителка Катица Јанева.