ТРЕНЧЕВСКА ВО КАВАДАРЦИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ : НОВИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ И НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
459

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес e на теренски активности во Општина Росоман и Општина Кавадарци. Тренчевска за медиумите изјави дека веќе се сретна со градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов и дека заедно веќе направиле увид на доградбата на градинката „Праскички“ со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на деца во општината.

Тренчевска се осврна и на целта на средбата со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Министерката информираше дека ќе биде разговарано за двете капитални инвестиции: Дневен центар за лица со попреченост и Дом за стари лица кои ќе се реализираат на територијата на општината.

Министерката на медиумите ја најави и агендата до крајот на денот, таа информираше дека заедно со пратеничката Даниела Колева ќе остварат средба со Здружението на пензионери во Кавадарци и иницијативниот одбор од пензионери за протестите во Кавадарци. Исто така министерката потсети за настанот „Остави трага“ кој ќе се одржи на плоштадот во Кавадарци.