ОСМАНИ : ПРОТОКОЛОТ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПОТПИШАН

0
628

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред властите да го потпишат.

Османи вели дека во Протоколот, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно, како и дека и Бугарите се незадоволни од предложениот компромис.

„Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници… единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа“, рече Османи.