ШВЕДСКА ГО ПОТПИША БАРАЊЕТО ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО, ПОТПИС СТАВИ ШВЕДСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ АН ЛИНД

0
741

– Шведската министерка за надворешни работи Ан Линд го потпиша барањето на нејзината земја за членство во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Линд, во Министерството за надворешни работи потпишувајќи го барањето за членство во НАТО, рече дека го направила најдоброто за Шведска.

Линд исто така додаде дека документот за апликација naskoro ќе биде доставен до НАТО заедно со Финска.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон вчера соопшти дека шведската влада по разговорите во парламентот одлучила да аплицира во НАТО.