ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ГО СПОРЕДИ ЈАКИМОВСКИ СО АЛ КАПОНЕ: НАШАТА ФАСЦИНАЦИЈА СО КРИМИНАЛЦИТЕ

0
194

Одамна ми беше јасно зошто сеуште не е во затвор. Корумпираното судство, раководено од политички моќници и неказнивост на крупниот криминал, ѝ обезбеди на власта уценета личност во нејзината валкана кампања против опозицијата. Но, зошто обични граѓани, чесни домаќини и домаќинки, го поддржале во намерата да обавува одговорна политичка функција, а повеќе илјади меѓу нив со својот потпис неодамна ја поддржаа неговата болна амбиција за претседател на државата? Одговорот е малку покомплексен и треба да се бара во психологијата на луѓето. Фасцинирани сме од оние кои се подготвени да прават нешто што ние не би го направиле.

Во филмските трилери со возбуда ги следиме противзаконските дејанија на антихероите, но за волја на вистината со олеснување го прифаќаме нивното апсење. Ова е генерална особина на луѓето. Во 2021 година жителите на Островот на палмите во заливот Бискејн, недалеку од познатиот Палм Бич на Флорида, САД, се спротивставија на планираното демолирање на куќата во која живееше и во 1947 година почина злогласниот гангстер Ал Капоне, откако поради болест беше ослободен од издржување казна во затворот Алкатраз.

Требало да се зачува како историско културно наследство, сведок на едно време од минатото. Истата 2021 година граѓаните од неговата општина го избраа нашиот “Трамп од Али Експрес” за свој градоначалник, додуша во вториот круг. Фасцинацијата со неговите криминални постапки во минатото беше правдана со познатата малодушна изрека, применета и на други наши криминогени типови: “Краде, ама и гради!” Минатото лето локалните власти конечно ја урнаа палатата на Ал Капоне на Флорида, а неговите внуки го нудат плацот за продажба за цена од 24 милиони американски долари. Во 2021 година беа на аукција беа продадени лични работи на Ал Капоне, за што некои најфасцинирани од неговото дело купувачи платиле 3 милиони американски долари.