ТРАГЕДИЈА ВО ИЛИНДЕН – МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАПАЛИЛЕ ЦИСТЕРНА, ПРИЈАВИЛЕ ДЕКА ИЗГОРЕЛО ДЕВОЈЧЕ

0
943

Трагична несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје.
Според информациите малолетно девојче починало откако експлодирала цистерна кај железничката станица во складиштето на Макпетрол .
Како што дознава А1он до експлозијата дошло откако малолетници од засега непознати причини ја опожариле цистерна која потоа експлодирала.

Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица, складиште на Макпетрол од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато.