БАЈДЕН ЌЕ ОБЈАВИ КАНДИДАТУРА ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ, НАЈАВИ НЕГОВАТА СОПРУГА

0
565

Првата дама на САД, Џил Бајден, даде јаснa индикација дека нејзиниот сопруг Џозеф Бајден ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година.

Таа изјави дека речиси ништо не останува да направи освен времето и местото за тоа да биде официјално објавено.

Иако Бајден веќе подолго време ја искажува својата намера да се кандидира повторно, тоа се уште официјално не го сторил и се бори со прашања дали е престар за да продолжи да биде претседател, со оглед на тоа што, доколку победи на изборите, тој ќе има 86 години на крајот на вториот претседателски мандат.

-Тој вели дека сè уште не завршил. Тој не го заврши она што го започна, и тоа е важно – рече Џил Бајден во Најроби, последната станица од нејзината петдневна турнеја низ Африка.

Соработниците на Бајден велат дека неговата кандидатура најверојатно ќе биде објавена во април.