ТОШКОВСКИ : ОСУДА ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА, ПОТРЕБНА Е ОДЛУЧНА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ ВО СИТЕ НЕГОВИ ФОРМИ

0
210

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати осуда за нападот во Москва.

„Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи најостро го осудувам вчерашниот терористички напад врз невините посетители во концертната сала “Крокус сити хол” во Красногорск, Русија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите погодени од овој грозоморен чин, а на повредените им посакувам најбрзо закрепнување.

Ваквите ужасни акти на насилство извршени врз невини цивили налагаат најостра осуда од сите чинители посветени на мирот и безбедноста и се сериозен потсетник за заканата што ја носи тероризмот за нашите општества и потребата за одлучна борба против сите негови форми“, вели Тошковски.