ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА ДА СЕ УКИНАТ ЛОШИ ОДРЕДБИ ОД ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК: НИ СЕ КРШИ ПРАВОТО ЗА РАМНОПРАВЕН ПРИСТАП ДО МЕДИУМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕТО НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА

0
948

Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов денес до Уставниот суд поднесе иницијатива за укинување на неколку одредби од Изборниот законик со кои им се овозможува монополска положба на четирите големи партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците) во изборните циклуси.

“Во Законот 90 % од медиумскиот простор за финансирање им припаѓа на овие партии, како и финансиските средства за изборната кампања и рекламниот простор за билборди, паноа и сл. Само како пример, од 9 минути дополнително време за медиумско претставување, 8 им припаѓаат на четирите партии, а само 1 минута за сите други партии и независни листи. Со овие одредби четирите партии си обезбедуват огромна предност за претставување на своите програми и кандидати за пратеници, градоначалници. советници или претседател на државата” – изјави Трајанов пред Уставниот суд.

Со овие одредби смета ддка им се крши уставното начело за еднаквост на партиите при настап на изборите.

“Во член 75 став 2 од Изборниот закон меѓу друго стои: Учесниците во изборната кампања имаат право на рамноправен пристап и под еднакви услови да ги користат сите видови на политичка пропаганда, известување и други облици на пропаганда чија цел е да се влијае на одлуката на избирачите при гласањето. Ваквата системска предност спречува другите партии да ги претстават пред граѓаните своите програми и да можат граѓаните да донесат одлука за кого ќе гласаат” – рече Трајанов.