Толкување на Уставот кое го руши правниот поредок!

0
1067

Не сум експерт по Уставно право ама не ми е тоа хендикеп за толкувањето на Каракамишева и Климовски да го нацртам дека е апсурдно.

Значи мандатот може да го добива само партијата/коалицијата што има најмногу пратеници и тоа постојано се додека не формира Влада ако не успее, тогаш нови избори, значи никако не можело втората партија/коалиицја по број на пратеници.

Ако е така, како што велат Каракамишева и Климовски, тогаш се урнисува уставниот поредок, тоа преку пример да го илустрираме.

Имено, да претпоставиме на идни избори некоја партија/коалиција освои 25 пратеници, втората по ред 24, а другите партии да речеме по 19, 15, 12, 10, 8 и најмалата партија 7 пратеници. Ваков распоред е реално можен.

Според Каракамишева и Климовски во ваков случај, мандатот може да го добива само првата партија/коалиција која освоила 25 пратеници без оглед што не може да направи мнозинство од 61 пратеник од прв пат, после пак го добива и пак не успее и во таков развој на настаните значи заради овие 25 пратеници/преставници на граѓаните не може да формираат влада останатите 95 преставници на граѓаните па треба решението за излес да бидат нови избори, но за месец до два, не се менува расположението на граѓаните и повторно истиот распоред на сили имаме во Собранието и ќе се случи блокада на државата.

Јасно дека се борат СДСМ да не формира Влада ама за таа цел, потрудат да приредат поиздржана глупост во толкување на Уставот!

Фејсбук статус на Митко Јованов