Дрогирани КАУБОЈЦИ на РЕЖИМОТ повторно пред влада ја нападнаа екипата на Телевизија 24

0
1688

Повторно имаше обид за спречување во своето известување на екипата на Телевизија 24 преку вербален напад, туркање и влечење поттикнато од организаторите, за денешните протести на иницијативата “За заедничка Македонија”, извести на својот Фејсбук профил Огнен Јанески од телевизијата.

„Не престануваат вознемирувањата и тензијата кон нас како медиум, чиишто акции се производ на самите организатори на овие протести! Престанете да го закрвувате народот, не дозволувајќи ниту една критична и објективна мисла, особено што ги спречувате новинарите и медиумите професионално да си ја вршат својата работа, известувајќи граѓаните за случувањата во оваа земја“, напиша Јанески на Фејсбук.

Претходно, новинар на телевизијата беше удрен по глава со јарбол од знаме, а организаторите рекоа дека тоа било случајно, бидејќи демонстрантот не знаел како да го држи знамето.