Вечерва во предизборна дебата на ТВ21 беа кандидатите за градоначалници на Арачиново, Ридван Ибрахими од ДУИ и Наим Синани од АА-ААА.
На прашањето дали се подготвени да се поддржат меѓусебно ако едниот не помине во вториот круг на локалните избори, кандидатите Ибрахими и Синани одговорија со „да“.
„Во Алијанса за Албанците нема гласач кој ќе гласа за македонска партија. Значи ние тежнееме кон победата, но за нас победа е и победата на кандидатите на албанските партии“, кажа Синани, кандидатот на Алијанса за Албанците.
Третиот кандидат за оваа општина е Миликије Халими кандидирана од СДСМ, но таа вечерва не дојде во предизборбата дебатна емисија на ТВ21, иако беше поканета.
Извор : ТВ21