РЕМЕНСКИ : ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ВИЛМА РУСКОВСКА (ТРЕТ ДЕЛ)

0
1194

☢🚩 ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ВИЛМА РУСКОВСКА (дел трети)❗
Странски служби, агенти – унгарски, грчки, српски, бугарски …
Конзули, адвокати – бугарски, српски, марокански, унгарски …
Се’ е тоа еден конгломерат на (навидум) измешани „операции“ и интереси со различна цел. Но, во основа станува збор за комплементарна, синхронизирана и систематска саботажа на системот кој требаше да носи правда – за никогаш да не се повтори – а не градење на систем за заштита од прогон❗

Сигурно нема да се повтори, затоа што интересите на „оперативците“ времено завршија дел од работата во интерес на главните шпиони/агенти кои обвинувајќи други за шпионажи, саботажи и странски служби, станаа нивни политички азиланти, бегалци и „лојални граѓани на нивните служби“, наспроти она што пропагандата го сервираше за политички монтираните случаи.

➡️ Додека некои пратеници (Павле Трајанов) се обидуваат да ја наметнат потребата за донесување на закон за утврдување на нови факти со кои ќе се реотвореле политички монтираните случаи, никој (па, ни тој) не дава одговор на клучното прашање, а тоа е:

🚩Дали поранешната УБК под превезот зад некави „странски служби“ во неколку случаи направи авто-проекција во која клучните агенти на странските служби си ги прибра како политички азиланти, криминалните структури си купија оперативци, за да нивните инсталации останат и продолжат да ги метат трагите од „операциите за бегство, малите војни, разунавачи во Собрание на 27 Април“ итн.⁉️
➡️ Дали сте слушнале денес некој да се заинтересира и да праша:
🚩Дали воопшто се воделасе водела истрага за бегството на Горан Грујевски и Никола Бошковски⁉️

Тие со посредство на „странски служби“ станаат грчки азиланти по неуспешниот обид со фалсификувани бугарски пасоши да се качат во авиот на Будимпешта.
🚩Моите информации говорат дека, две години по нивното бегство до реформата на УБК јуни-септември 2019 година, нивниот работен однос во МВР „мирувал по член 45 од Законот за работните односи“ кое го уредува прашањето за притвор, но не и за бегство. Имав едно такво прашање на надзорот во УБК во јуни 2018 година на кое Џони и Сиљан упатија на одговор кај Спасовски❗

🚩Јово Вангеловски беше посочениот врховен судија кој „случајно ги пропуштил“ во ноември 2017 година. Дали тоа „случајно“ е заради нив или заради Мијалков и други⁉️
ℹ 🚩Јавна тајна е дека, Јово одамна е „грчки државјанин“ – ужива на сопствен вреден имот во Грција, а без малку бил комшија на Горан Грујевски фурнаџијата. Случајно❓
📵 „Фелата“ бруи дека, Јово и еден професор од Јустинијан зеле шестоцифрена сума на евра за авторитетно „начелно правно мислење од Врховниот суд за ненадлежноста на СЈО“ како увертира на рушењето на СЈО. Тука станува збор за истраги во кои повеќе засегнати се интересите на сега притворените (Мијалков и Камчев) отколку на азилантот Никола Груевски ⁉️

Странски служби ⁉️

Кој и преку кого платил во некоја друга прилика.
☑🚩Една година откако киднаа патриотите Горан Грујевски и Никола Бошковски, избега патриотот Никола Груевски – симболот на режимот. Две и пол години по неговото бегство НИКОЈ не кажува какви fucking пропусти во системот утврдила Вилма Русковска❓

ℹ🚩 Во февруари 2019 министерот за внатрешни работи меѓу другото рече дека, „постојат инцидии за повеќе луѓе не само во МВР, туку и надвор кои биле логистика“ дека е убеден дека процесот ќе заврши и ќе дознаеме кој помогнал и дека на тоа работат заедно со ОЈО”. Еден резултат – глава боли❗
ℹ🚩 Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во јануари 2019 година, рече дека Груевски територијата на државава ја нема напуштено на било кој граничен премин, но за да не и наштети на предистражната постапка други детали откри, а Вилма за медиумите помпезно најави дека „Груевски ќе го стигне правдата”. Еден резултат – глава боли❗

🚩Од оваа може слободно да се заклучи дека, именувањето на Вилма Русковска за шеф на јавното обвинителство два дена по бегството на Никола Груевски сигурно не било „да го стигне правдата“, туку да го исконтролира процесот во кои не дај боже од некои „аутсајдери“ да излезе нешто неочекувано❗
Официјално Вилма „уште работи на бегството“, иако „фронтменот на таа истрага Наум Пановски“ од скоро е во вишото јавно обвинителство.
ℹ🚩Истата „фела“, која зборува за платеното начелно мислење на Врховниот суд , зборува дека, „еден клучен докази (хард-дискот од видео надзорот на зградата) за тоа како, кога и со кого Никола Груевски излегол од зградата во која живееше мистериозно исчезнал во таа истрага“ ⁉️

За инсталираните беше важно да собере се што може да обезбеди доказ за бегството, а доколку се најде доказ, тој вешто да исчезне.
Така и бива.

☢ Додека ги реотварам овие прашања за кои НЕ ПИШУВАВ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ, ретко кој јавно ги открива врските со „странските разузнавачки служби“ на Сашо Мијалков кој „не бегал“ и за Орце Камчев кој „немал да бега“. Овие наводници ги ставам како знак на хипотеза, за која Вилма Русковска беше должна да ја решава и да биде прашувана. А, кој да ја праша❓

ℹ Не очекував „политикантската глорификација на борбата со организираниот криминал на Вилма Русковска“ да ги опфати овие клучни прашања на кои таа мораше да одговори, наместо да каже дека немала број од Мијалков. Што е важно дали таа има негов број, кога тој има нејзин❗

Затоа сето нејзино јавно политикантство е провидно❓Да беше поинаква и да не беше Мијалковата/Камчевата инсталација во ОЈО за ГОКК на тапани ќе се фалеше со успехот на обвинителството за нивните притвори, истраги и обвиненија, а не да молчи како „под кошула“. Ако таа „се борела против режимот“ како што сака за себе да каже, тогаш зошто зачудува молкот како тоа второто лице на медаљата на режимот (Мијалков) во неа ја има најголемата доверба „да ѝ се предаде“ – нешто слично како Камчев❗

ℹ🚩Сигурно не очекувате Вилма Русковска – инсталацијата на Сашо Мијалков (читај и Никола Груевски) и на Орце Камчев да се зафати со решавање на овие задачи. Нејзината задача е токму спротивното – да ги заштити нив и сите „службени лица кои помогнале дел од газдите и извршителите да побегнат, а на дел да им се ветува заштита од гонење и да се тргува со нивната правда“❗

☢🚩Јавна тајна во нејзината и адвокатската фела е дека, додека се крчкала Империја, пред бегството на Груевски и пред нејзиното назначување на шеф на обвинителството за организиран криминал 👉„во женско друштво на засегнати лица од случајот Империја во позната кафана“👈 била договорена мрсната лоби поддршка таа да стане шефот кој ќе овозможи се, само правда не⁉️

☢ Удбашко-параполициската гарда по тој повод презела обврска паралелно со нејзината „работа“ да произведува афери и афери, за да се дефокусира јавноста од одговорите на клучните прашања на кои Вилма падна на испитите❗
ℹ🚩Таа мрсна лоби поддршка ја има до моментот додека „успева да се наметне како Чадор на Камчев и Мијалков“, а полека ја губи откако „мрсните ја потсетуваат и неа и некои други ликови дека, должат и тоа многу“❗Тиквата пукнала. Останува да се види дали има семки или е „глува“ ⁉️

ℹ🚩🚩Ико (Кусакатски) од МВР, како десна рака на стариот Мијалков и десна рака за економски криминал на младиот Сашо Мијалков на времето знаел да каже дека, за своја неразделна другарка си ја има само Вилма Русковска и дека, без неа многу работи за Сашо и дружината немало да бидат како што биле додека „Вилма се борела против режомот“❗

ℹ Долга е таа врска и потврда на инсталацијата на Вилма и во екот на „Рекет“, заедно со кафанските дружби на кираџиите-адвокатите-обвинителите-истражителите. На чија штета, сите (па и тие во притвор) имаат време да мислат❗
☢ Кое било „женското лоби друштво за Вилма“⁉️
☢ Дали ликот и (не)делото на Горан Николовски Џони во горенаведените „бегства и инсталации“ се клучни⁉️

☢ Дали Џони има некаков статус во случајот Рекет даден од другарка му Вилма⁉️
☢ Дали помошникот на Сашо Мијалков „за странски служби“ – Џони е креаторот на се поврзано со странските служби на Неџби и Христо, на Груевски, на шефот Сашо и Орце, 27 Април⁉️

ℹ П.С Неколку пати повторив и замолив неговата улога во овие „операции по налог на газдите“ да не се меша со некаков амин од Калето. Тоа за Калето е срам кој прашање на време е кога ќе му го покажат јавно❗

✅ Продолжув (дел четврти) во среда во 21.00 часот ❗
🙈🙉🙊

Фејсбук статус на професорка Фросина Ременски.