КОВАЧЕВСКИ : ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИОТ ПРОЦЕС КОЈ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ВО ДРЖАВАТА

0
78

Ако некој добро знае што зборуваат граѓаните, тогаш тоа сум јас и точно знам дека граѓаните се незадоволни од дел од работите што се случуваат во минатиот период во однос на високите цени, на владеењето на правото, борбата со корупцијата. И можам да кажам дека ако некој е одговорен за тоа, со оглед на тоа што јас бев 2 години премиер, тогаш јас сум тој којшто е одговорен и јас ја земам одговорноста. – посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за Фронтлајн.

Претседателот Ковачевски се осврна и на расположението кај граѓаните врзано со долгиот процес на евроинтеграции при што посочи дека гледа дека граѓаните се помалку и заморени од тој процесот.

-Понекогаш и јас го чувствувам тој замор, меѓутоа тоа е единствениот процес којшто во нашата држава може да донесе позитивни промени. Заради тоа знам дека граѓаните ќе изберат опција на претстојните избори и претседателски и парламентарни која опција ја предводиме СДСМ и коалицијата за европска иднина и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. И ќе изберат извесна европска иднина за Република Македонија и ќе бидеме членка на ЕУ. – рече Ковачевски во интервјуто денес.