ТАЛЕСКИ: ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ, ВМРО-ДПМНЕ Е ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ А БЕЛИОТ ДВОРЕЦ Е АРАМИСКО ГНЕЗДО

0
465

ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција за расипничко трошење на парите на граѓаните, а арамиското гнездо – Белиот дворец е изграден со злоупотреба на парите на граѓаните, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница.„ВМРО-ДПМНЕ е партија која има 400 обвинети партиски функционери за кои се покренати обвиненија за сторен криминал и злоупотреба на службената положба за периодот кога биле на власт. Е така сте ги трошеле парите на граѓаните, за што постојат и околу 40ина признанија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. За сето тоа има пресуди со вкупно над 150 години затвор, исто така за функционери на ВМРО-ДПМНЕ“ порача Талески.

Талески истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува а доказ за тоа е начинот на кој ја практикуваат локална власт.„Во 80 отсто од општините ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Прво на што се сопнавте беше криминалот и корупцијата, со Данела Арсовска се скаравте за тендер, за тоа кој да земе провизии“ посочи Талески, додавајќи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не мислат на граѓаните.