БОГОЕВ СО ЛОЗАРИТЕ ОД НЕГОТИНО : МЕРКИТЕ НА СДСМ СИЛНО ГО ПОДДРЖУВААТ ЛОЗАРСТВОТО И ВИНАРСТВОТО

0
325

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и организацискиот секретар на СДСМ, Вангел Андрески денеска беа со лозарите и жителите од селото Дисан, општина Неготино, на традиционално закројување на лозјето и одбележување на Денот на лозарите, Св.Трифун. Богоев им го честиташе празникот на лозарите и производителите на вино со желба за плодна година, како што беше и изминатата.

-СДСМ го цени, го почитува и го вреднува трудот на лозарите. Политиките на Владата којашто ја предводи ги помога лозарството и винарството, а македонските вина се поконкурентни за регионалните и светските пазари. Производството на грозје е стабилно и со историски највосоки откупни цени минатата година. Исто така, извозот на вино минатата година достигна рекорни 58 милиони евра што е особено значајно за македонската економија, рече Богоев.Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство дава силна финаниска поддршка, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, а тука се и грантовите за малите винарии.