ТАЛЕВСКИ : ЦЕЛТА НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ Е ДЕЛНИЦИТЕ ОД КОРИДОРИТЕ ДА СЕ ИЗГРАДАТ ПОБРЗО И ПОЕФТИНО

0
439

Пратеникот на СДСМ Миле Талевски во емисијата „Патот кон…“ на Телевизија Алсат истакна дека ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена прави хајка против изградба на делниците од коридорите 8 и 10Д се со цел тие да не бидат реализирани.

ВМРО-ДПМНЕ води хајка преку секојдневни спинови и лажни вести против најголемата американска компанија која има искуство во градење на автопати низ целиот свет. Специјалниот закон за коридорите е донесен во Собрание и сегашните закони се последователно на тој закон и после две години на ВМРО-ДПМНЕ им текна да бараат проблеми со цел градежната офанзива да не се реализира. За 30 години се изградени 136 километри автопати, а сега со овој проект, ќе се изградат 110 километри за само пет години“ порача Талевски додавајќи дека законските измени се потребни за патните правци да се реализираат и побрзо и поевтино.Талевски посочи дека најмалку 51 отсто од вредноста на проектот ќе заврши во домашните компании и потсети на тоа како во времето на ВМРО-ДПМНЕ се градеа автопати.

„Гледавме со какви проблеми се градеа и колку пари се потрошија за автопатот Миладоновци – Штип, Кичево – Охрид, кој ние го репроектиравме и заштедивме 95 милиони евра. Целата на законот е тие делници да се изградат во предвидениот рок, за нашата генерација да го вози, да го забрзаме проектот и да заврши пократко. ВМРО-ДПМНЕ блокират со цел проектот да не се реализира, блокираат пари да завршат во домашните компании, од тие пари 1,3 милијарди евра, 51 отсто ќе се вратат во домашните компании. Ова ВМРО-ДПМНЕ го прави во заложниство на проруската Левица“ истакна Талевски.