ДЕЛЕГАЦИИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И ДОСТОИНСТВО НА МЕСТОТО НА ЗАСЕДАТА КАЈ ВЕЈЦЕ

0
348

   22 година подоцна, букети свежо цвеќе и осум запалени свеќи во чест и помен на осумтемина загинати македонски херои, четворица од армиските Волци и четворица од Посебните полициски единици, убиени додека ја бранеа татковината, Република Македонија, на 28 април 2001-та, во крвавата заседа кај с.Вејце.

Делегацијата на Министерството за одбрана беше предводена од министерката Славјанка Петровска која не’ извести дека до општина Тетово поднела иницијатива за изградба на достоинствено спомен обележје на местото на заседата кај Вејце во чест и спомен на 8-те загинати македонски херои.

Да не се повтори, да не се заборават:
Роберт Петковски (27) од Скопје,
Бобан Трајковски (28) од Куманово,
Игор Костески (26) од Скопје,
Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,
Марјан Божиновски (27),
Илче Стојановски (24),
Кире Костадиновски (24) и
Бошко Најдовски (24), сите од Битола.
Вечна ви слава, херои македонски!