МИЦКОВСКИ ПРАВИ ЧИСТКА НА НЕПОСЛУШНИТЕ – Даниела Рангелова: Ќе ме нема на пратеничката листа!

0
3039

Со стари и проверени кадри, но и со многу нови имиња на пратеничките листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја добие довербата на граѓаните и да победи на предвремените парламентарни избори на 12 април в година. Во најголемата опозициска партија велат дека допрва ќе следуваат анкети на која ќе се мери рејтингот на потенцијалните пратеници, по што оние што котираат најдобро меѓу граѓаните ќе добијат шанса да влезат во изборната трка.

Во актуелниот пратенички опозициски состав, кој сега брои 39 пратеници од вкупно 51, колку што беа на конститутивната седница на парламентот во декември 2016 година, постои неизвесност кој од нив ќе се најде на новите листи. Не е тајна дека некои од нив не се согласуваа со политиките на лидерот Христијан Мицкоски, а и обратно, тој и неговите соработници не беа воодушевени од нивните настапи.

Една од најгласните критичари на партиското раководство е Даниела Рангелова. Таа неколкупати јавно се произнесе дека нејзината партија води погрешни политики, пред сè кога е во прашање меѓународната политика. Сега смирено коментира оти не очекува да се најде на листата на пратеници за претстојните избори.