ТАЛЕВСКИ : ЦЕЛОСНО РЕХАБИЛИТИРАНА ДЕЛНИЦАТА ФАРИШ – ПРИЛЕП, ПОСЛЕ ПРЕВОЈОТ ПЛЕТВАР

0
543

Прес конференција на Миле Талевски – Пратеник во Собрание на РСМ.

Почитувани граѓани,

Еден од најважните сегменти на она што значи европски животен стандард, е изградбата на квалитетна патна инфраструктура како основен двигател на економијата.

Имајќи го предвид тој факт, Владата на СДСМ предводена од премиерот Ковачевски, ја финишираше рехабилитацијата на делницата Фариш – Прилеп после превојот Плетвар, што е од исклучителна важност за равојот на Прилеп и на целиот Пелагониски регион.

Завршени се градежните работи, поставен е нов асфалт во должина од 19 километри, и тоа по сите европски стандарди за квалитет, привршува поставувањето на сообраќајната сигнализација и новите банкини.

Конечно, превојот Плетвар и патот до Фариш кој долги години важеше за опасен сообраќаен потег, е целосно рехабилитиран и безбеден за сите кои собраќаат по него.

Токму оваа патна секција претставува продолжување на новот експресен пат од Градско до Плетвар, на чија изградба се работи со силен интензитет. Во пол ек се и градежните активности за изградба на тунелот кај Фариш, кој беше и најтешкиот дел од трасата.

Целиот овој инфраструктурен зафат значи модернизација на Коридорот 10 и развој на стопанството во Прилеп и поширокиот регион.

Почитувани,

Вака изгледа вистинскиот патриотизам, вака се сака татковината, со силни инвестиции и изградба на нова инфраструктура и тоа во време на светска енергетска и екомска криза.

Додека СДСМ гради, ВМРО-ДПМНЕ кради.

Додека СДСМ работи на европската иднина на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ, шири омраза, создава конфликти со соседите и сака да ја турне државата во изолација.

Граѓаните гледаат и прават разлика.