,,Електрични оргазам” ќе настапи во Скопје пред 1.200 гости

0
1012
Култниот бенд ,,Електрични оргазам” ќе одржи концерт на 11-ти септември во Скопје, на стадионот на АРМ. Концертот е славенички и ќе се одбележат 40 години од постоењето на бендот кој зад себе има низа на хитови кои со децении се слушаат во сите поранешни Ју-републики.
Според протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, капацитетот на стадионот на АРМ кој е за 12.000 посетители, ќе биде значително намален. Во продажба ќе бидат пуштени само 1.200 влезници, односно ќе се искористат само десет проценти од капацитетот, со цел да не се загрози здравјето на публиката.
Билетите можат да се купат онлајн по цена од 700 денари, а настанот е во организација на Авалон Продукција. Концертот претходно два пати беше најавуван, првин во март, а потоа во јуни, но се одлагаше поради корона кризата.
Вики Клинчарова, извор Фокус.