СУДСКИОТ СОВЕТ ДОБИ ДВАЈЦА НОВИ ЧЛЕНОВИ : ЛИМАНИ И КАМБОВСКИ ДАДОА СВЕЧЕНИ ИЗЈАВИ

0
101

Судскиот совет од денеска и официјално доби двајца нови членови. Во Охридската сала на Собранието, Исамедин Лимани и Александар Камбовски, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка, Цветанка Иванова.

Станува збор за судијата од редовите на Врховниот суд, Исамедин Лимани и Александар Камбовски од Апелацискиот суд во Битола.

Рекоа дека „никој не треба да се меша во судската власт“.

Согласно Законот за Судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат.