На средбата на која присуствуваше и Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, се разговараше за европската интеграција на Северна Македонија, како и динамиката на проширувањето на ЕУ, кој е во интерес на самата Унија, бидејќи на тој начин земјите од Западен Балкан се фокусирани на реформите и придонесуваат кон европската безбедност и стабилност.
Премиерот Ковачевски истакна дека сега е вистински момент за забрзување на ЕУ интеграциите и дека Република Северна Македонија останува посветена на исполнување на својата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, како и на спроведување на реформите во земјата.
Скуг ја истакна поддршката во процесите и беше заклучено дека сега е вистинскиот момент да се забрзаат евро-интегративните процеси, особено поради силната поларизација на светот во услови на геополитички превирања и влијанија од трети страни.