Денеска во Стајковци, општина Гази Баба беше поставен камен темелник на детска градинка

0
976

Денеска во Стајковци, општина Гази Баба беше поставен камен темелник на детска градинка, која треба да биде готова до крајот на октомври наредната година.

Уверен сум дека вложувањето во нови и модерни објекти за нашите најмали како дел од воспитно-образовниот процес е всушност инвестиција за подобра и посреќна иднина на нашите деца, но и на општеството во целина. Користа е голема и задничка за сите.

Владата на Република Македонија во соработка со градоначалниците и општините и во наредната година со несмален интензитет ќе продолжи со координирани мерки и активности за создавање подобри услови за унапредување и развој на образовниот процес.