СУДИЈКАТА ЦАЦА НИКОЛОВСКА: ШОКИРАНА СУМ ОД БРУТАЛНОСТА НА МЕДИСКИОТ ЛИНЧ КОН КАТИЦА ЈАНЕВА

0
1360

Поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска во вечерашното гостување на Телевизија Телма коментирајќи го спроведувањето на Катица Јанева во домашен притвор, ја искоментира и работата на новинарите.

-Навистина  крајно време е вие новинарите да ја најдете линијата каде можете да ја извршувате вашата работа,професионално. Има одредени ограничувања, и меѓудругото тоа се ограничувањата во однос на правата на другите. Прикажувањето на локацијата каде Јанева ќе биде во притвор, тука се поставува основано прашањето на нејзината заштита имајќи предвид која функција ја извршувала. Полиција, новинари, адвокати, судии, обвинители и органи кои се одговорни за следење и давање на одговор на постапувањето на судиите, обвинителите, морам да признаам дека не очекував такво презентирање со кое се повеќе и повеќе се ствара набој, рече Николовска.