(Видео) Декорирање велигденски јајца со лак за нокти

0
1355

Како што се ближи Велигден, така домаќинките веќе размислуваат за што е можно покреативен начин на кој ќе ги декораат велигденските јајца. Овојпат ви предлагаме да се обидете со лакови за нокти во различни бои по желба.

Еве што треба да направите:

Во чаша вода се ставаат неколку капки од лакот (или од повеќе лакови) и да се замешуваат со стапче. Потоа во чашата се става половина јајце, а кога ќе го извадите ќе добиете супер резултат – неверојатни шари кои ќе ве потсетат на моментно популарниот стил од 70-те години.