СТРУМИЦА НА ВРВОТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

0
548

Струмица е лидер и единствен пример за сите останати општини во државата.

Вакво јавно признание денеска добивме од министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и останатите партнери кои учествуваа во отворањето на Советувалиштето за жртви на семејно насилство и родово базирано насилство.

Општина Струмица којашто се повеќе го достигнува својот врв кога станува збор за борбата против родово базирано насилство, имаше слух и ја даде својата поддршка за Советувалиштето, исто како што направи и за Шелтер центарот за жени жртви на семејно насилство.

Како човек, и како градоначалник кој е против секакво можно насилство, иако давам максимална поддршка, лично, посакувам ова Советувалиште да има што помалку работа, а тоа ќе значи и помалку жртви на семејно насилство.