СТРУМИЦА Е ВО ДОБРИ РАЦЕ, ДЕТЕВО Е ЦАР – КОСТАДИНОВ : ПОКАЧЕНИ СМЕТКИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ ЗА СТРУМИЧАНИ НЕМА ДА ИМА, ЗА МЕНЕ ЗБОРОТ Е ЗБОР!

0
750

Почитувани,

На денешната 14-та седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов потенцираше:

Покачени сметки за комунални услуги за струмичани нема да има!

Струмица нема да биде како Прилеп и други општини кои за 60 проценти ги покачија сметките за собирање смет. Граѓаните да бидат спокојни, јас, општина Струмица и општинските јавни претпријатија знаеме како да менаџираме и во услови на криза.

Нема да има покачени цени, ниту пак намален обем на работа. Сега е време кога Општината мора да застане на страната на граѓаните. Струмица ќе претрпи финансиска штета, но истата нема да ја трпат граѓаните.

За мене зборот е збор!