УЛТРА ШОК ЗА АНТИЧКИТЕ ТАЛИБАНЦИ, ПО ОВАА ИЗЈАВА НЕ ЗНААТ НА КАДЕ ТЕРААТ – СПЦ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРИЗНАЕ МПЦ-ОА!

0
919

Соборот на СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнаената Македонската православна црква (МПЦ). Така, конечно, 55 години по расколот, треба да падне помирувањето со црквата во Северна Македонија, пишува српски Курир.

Според Курир, СПЦ планирала да ја признае МПЦ и пред одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

-Признавањето на Српската православна црква ќе значи и дека ќе има сериозни кадровски промени во рамките на Православната Охридска Архиепископија (ПАО). ПАО беше автономна архиепископија во Северна Македонија, признаена од вселенскиот патријарх Вартоломеј и сите помесни цркви, а на литургијата требаше да го споменат само српскиот патријарх, како и сите други архиепископи и патријарси во православниот свет. Сега ПАО практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во Северна Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПАО, Јован (Вранишковски), меѓу другото ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни, пишува Курир.

Според медиумот, другите тројца владици Марко, Давид и Јоаким, кои беа најблиски соработници на Вранишковски, ќе добијат управа на еден од манастирите во Македонија, па ќе го задржат епископскиот чин или ќе добијат епархии во рамките на Охридска архиепископија.