СТОЈАНОВСКИ : СОВЕТНИКОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ, МИХАЈЛО ВАНГЕЛОВ, ВЕДНАШ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ НЕГО ОД СТРАНА НА ОЈО ЗА СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО ВО ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

0
953

Прес конференција на Андреј Стојановски, член на ИО на СДСМ Битола.

Советникот од ВМРО – ДПМНЕ, Михајло Вангелов, веднаш да си поднесе оставка од функцијата во Советот на Општина Битола и од работното место во Клиничката болница во Битола.

Михајло Ванглов денес е обвинет за тешко кривично дело против здравјето на луѓето.

Основното јавно обвинителство против него поднесе обвинение за смртта на новороденчето во октомври 2019 година, заради несовесно постапување при укажување на лекарска помош.

Лекар осомничен за несовесно работење повеќе не може да остане на своето работно место во Клиничката Болница во Битола.

Советник против кого обвинителството покрена обвинение за кривично дело не може да ги претставува битолчани во Советот на Општина Битола.

Со оваа дело и обвинение, Михајло Вангелов ја посрамоти лекарската фела и го уништува реномето на Клиничката Болница во Битола.

Градоначалниче Коњановски, вие сте доктор и кој е вашиот коментар за обвинетиот колега лекар?

Претседателке на Совет на Општина Битола вие сте и здраствен работник, па прашуваме дали ќе побарате оставка од вашиот советник и колега?

За потсетување, Михајло Вангелов еднаш веќе беше осуден на осум месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, но се спогоди со Обвинителството да не оди в затвор ако во период од три години не направи ново кривично дело.

Тоа е кадарот на ВМРО – ДПМНЕ во Битола.

Советници со криминални дејанија кои наместо да лечат, ги умираат пациентите, советници кои мислат дека со сила може да рушат што ќе им текне.

Со вакви советници ДПМНЕ не може да придонесе за развој на Битола, ниту можат да пружат лекарска грижа на битолчани – она за што дале заклетва и се платени со пари на граѓаните.