(ВИДЕО) ПЕТРЕ ИМ ДРЖИ ЛЕКЦИЈА НА ВМРОВЦИТЕ КАКО СЕ САКА СКОПЈЕ – Главниот град доби нов современ 5 милиони евра вреден булевар со 6 ленти, пешачки патеки, патеки за велосипеди…

0
959

Во употреба е пуштен новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, со што северниот дел на градот првпат е целосно поврзан со булеварско решение од обиколницата до централното градско подрачје.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска информираше дека на новиот дел од булеварот е поставена нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа, како и целосно ново улично осветлување со 140 столба.

„Новиот булевар е со вкупна ширина од 40 метри, со вкупно 6 коловозни ленти од по 3,5 метри (по 3 ленти во двата правци), велосипедски патеки од двете страни со ширина од 2,5 метри, пешачки патеки од двете страни со променлива ширина и простор за средишно зеленило и зелен појас од двете страни на булеварот. Очекувам наскоро по овој булевар да проаѓаат и некои линии на јавниот превоз што дополнително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот“, – рече Шилегов.

За изградбата на оваа делница во должина од два километра, која се протега од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до клучката на скопската обиколница, Град Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,6 милиони евра со вклучен ДДВ.

Булеварот, според Град Скопје, треба да овозможи побрз излез на обиколницата за околу 100.000 граѓани кои живеат во северниот дел од градот, особено од Чаир, Скопје Север, Топанско Поле и од Железара, со што ќе се релаксира сообраќајот во целиот град.