(ВИДЕО) Спасовски за ТВ 24 го покажа вториот спрат во МВР каде бил каде бил партискиот штаб што го раководела Гордана Јанкуловска!

0
4397

Од прислушуваните разговори кои ја потресоа македонската јавност можевме да слушнеме лично од поранешната министерка Гордана Јанкулоска како функционирало министерството за внатрешни работи, особено за време на избори. Слушнавме дека одовде функционирале два штаба. Оној на МВР и оној на ВМРО.

Камерата на ТВ 24 го посети вториот кат на министерството – просториите кои во времето на Јанкулоска биле претворени во штаб на партијата.  Целиот кат, на кој се наоѓа и министерскиот кабинет, бил претворен во партиски штаб. За време на избори, овде доаѓале партиски членови кои не биле вработени во МВР.

Кол центар и партиски месен комитет ги спроведувале изборите наместо службите на министерството.  Од бомбите слушнавме со какви методи се служела партијата за време на избори, како злоупотребувајќи ја полицијата се носеле гласачи и се купувале гласови.  Токму оваа изјава од бомбите го отвори суштинското прашање, колку длабоко партизацијата навлегла во институциите.

Од ова биро поранешната министерка Јанкулоска ги издавала наредбите кои можевме да ги слушнеме во бомбите. Од најситни злоупотреби до користење на министерството како партиски штаб кои во прашање ја доведоа професионалноста на полицијата.

Сега, новиот министер е пред важен испит.  Претстојните локални избори ќе бидат тест и за целото министерство. Дали МВР на чело со Оливер Спасовски ќе успее да ја врати изгубената доверба од граѓаните и да спроведе избори во кои никој нема да се сомнева?  Партизацијата беше нотирана и во сите европски извештаи. Насоката е јасна, целосна департизација на полицијата. Отворањето на штабовите за јавноста преку нашата камера е првиот чекор во таа насока, но останува предизвикот очетноста на министерството да биде правило, а не исклучок.