СТОИЛКОВСКИ : АРСОВСКА ДА СОСТАВИ ДОКУМЕНТИ ЗА СОПРЕНИТЕ ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА И СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ, А СОВЕТОТ БЕЗ СОМНЕЖ ВО ВИСОКОТО НИВО НА ПИСМЕНОСТ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА, ЌЕ ГИ УСВОИ

0
121

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Данела Арсовска сопре градба на две основни училишта, сопре градба на две градинки и сопре градба на едно затворено спортско игралиште, потребно за граѓаните на општините Гази Баба, на Кисела вода и на Аеродром.

Арсовска запре донесени одлуки на Советот на Град Скопје за ослободување од надоместоци за уредување на градежно земјиште за овие проекти, со образложение дека биле, како самата вели, неписмени.

Оттука, ја повикуваме Данела Арсовска таа сама да состави вакви документи, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, само ќе ги усвои.

Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта и затворени спортски објекти, и ако не е против скопјани и Скопје, се очекува од неа најбрзо таа самата да донесе писмени барања за овие пет проекти за скопјани, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска.

Во спротивно, Данела Арсовска само ќе докаже дека е продолжена рака на Миле Зечевиќ и на СДС наспроти вистинските потреби на скопјани за две градинки, две училишта и за спортски објекти.