Пред локацијата од каде исчезна малата Данка Илиќ (2) пред 47 часа во Бањско поле кај Бор, денеска пристигна багер за да се расчисти имотот натрупан со шут и обраснат трње. Во исто време, припадници на полицијата вршат повторно проверка на шахтите и јамите во населбата. Целта е да се најдат материјални докази кои ќе помогнат во пронаоѓање на Данка.
Според локалното население, кои се во шок поради мистериозното исчезнување, многумина се сомневаат дека девојчето е киднапирано, а особено се плашат од тоа што, според соопштението на МВР, девојчето не е на овие простори.
На Данка ѝ се губи секаква трага од вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско Поље кај Бор. Исчезнала додека си играла со својата мајка и брат, а не била пронајдена ниту по два дена потрага.