СПАСОВСКИ : НАЈВАЖБА Е КОНФИСКАЦИЈАТА НА НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАТИОТ ИМОТ, САМО ТАКА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ПОЧУВСТВУВААТ ДЕКА СИСТЕМОТ ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНИРА

0
265

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи /

Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по неколкудневната посета во САД и по средбата со заменик-државниот секретар, Џејмс О Брајан, во изјава за Гласот на Америка рече дека системот мора да функционира во целост.

„Има околу шест милион евра штета која е откриена од коруптивни случаи. Факт е дека системот мора да функционира во целост, и не е само истрагата, приведувањето на лицата, туку, таа мора да заврши до крај. Значи, да заврши во судскиот систем да има извршуваше на санкцијата, и најважно, конфискација на имотот што се стекнал нелегално. Само така ќе се затвори кругот, и граѓаните ќе почувствуваат дека навистина целиот систем функционира, а довербата расте“, посочи Спасовски.