СПОРЕД БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЊАНОВСКИ СО ПРОВОКАЦИИ НЕ СЕ ГРАДАТ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ПОМЕЃУ ЗЕМЈАВА И БУГАРИЈА

0
537

Добрососедските односи се градат само со меѓусебно почитување и признавање, но никако со индиректни провокации и оживување на едно мрачно минато на кое потсетува името на Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ порачува градоначалникот на Битола Тони Коњановски по денешното отворање на културниот центар „Ванчо Михајлов“ на ко присустуваше премиерот на угарија Кирил Петков како предводник на делегацијата во која беа и потпреседателката Илијана Јотова и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

-Кога веќе централната власт и националното законодавство, дозволија во Општина Битола, да се регистрира и функционира ваков културен клуб, тогаш време е нашите источни соседи да овозможат вистински реципроцитет и да покажат почитување на правата на Македонците во Бугарија, можности за нивно културно изразување и негување на македонската култура и историја. Тогаш, кога ќе добиеме покана за присуство на отворање на Македонски културен клуб во Бугарија, дури тогаш ќе знаеме дека сме на вистинскиот пат кој значи взаемно почитување и искрено пријателство. После посетата на денешниот настан во Битола, очекувам, премиерот Кирил Петков, да биде првиот иницијатор кој во Бугарија ќе го покрене прашањето за промоција на македонската култура, еднаквост и поголеми права на македонците кои живеат таму напиша коњановски на социјалните мрежи.