Шеќеринска за кризата пред Петерле: Неропходно е одделување на државата од партијата

0
1187

Можностите за решавање на политичката криза во Македонија, начините за враќање на демократски институционален систем во државата како и владеењето на правото, биле главна тема во разговорот на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска со ко-претседавач на мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и Е У, Алојз Петерле.

sekerinska-peterle-540x323

Како што соопштија од СДСМ, Шекеринска го информирала Петерле за причините коишто ја доведоа земјава во тешката политичка и државна криза.

-Неопходно е одделување на државата од партијата, преку формирање преодна влада, чијашто цел ќе биде нормализација на Македонија и создавање услови за одржување слободни, фер и демократски избори – рекла Шекеринска.

Шеќеринска подвлекла и дека на големиот натпартиски граѓански протест што се одржа на 17-ти мај, граѓаните во Македонија ја испратија пораката дека се обединети и единствени околу идејата за враќање на слободата и демократијата во државата