ВАНКОВСКА СИ ПРИЗНА: 2018-ТА ЈА ПОТРОШИВ ЗАЛУДНО ВО БОРБА ПРОТИВ ЦЕЛИОТ СВЕТ, СЕГА СЕ КААМ!

0
1123

Читам луѓето си прават рекапитулација на она што го постигнале на професионален, јавен и личен план, па се замислив… Што тоа јас направив во годинава што заминува? Што ме прави среќна или горда? Прво, (по кој знае кој пат) не се држев до она што си го посакав и што си го ветив. Наместо да се посветам на себе, на нештата што ме прават среќна и исполнета (повеќе во природа, повеќе читање и слушање музика, да почнам да пишувам роман, да им се радувам на децата), јас буквално цела година потрошив на една работа – МАКЕДОНИЈА!

Од иницијативи и мобилизирање интелектуалци и граѓани (особено за БОЈКОТИРАМ), правење петиции, пишување писма, апелирање дома и надвор, комуникација со странски колеги лично или на конференции, работни состаноци и лобирања, плус колумните и трудовите кои ги напишав за Преспанскиот процес… Накусо, година жртвувана целосно, а резултатите – ги знаете…

Уште еднаш си се опоменувам дека не можам животот да си го трошам залудно, и дека (како што вели еден мој драг пријател): светот оди таму каде што тргнал, и ти не можеш да го спречиш. И Македонија тргнала на север, но јас тоа не можам да го спречам. Останува пак да си ветам нешто себе си – и да се обидам да се држам до тоа.

Фејсбук статус на Биљана Ванковска